Skip to main content
joBsafFntyQ

Пушка, која пушка:Хрватскиот министер Дабро, полугол и по влечки, пука со „калашников“

Откако неодамна се појави фотографија на која се гледа доскорешниот хрватски министер и вицепремиер во владата на десничарската ХДЗ, Јосип Дабро, со „калашников“ во рацете, медиумите денеска ја објавија и снимката од инцидентот поради кој министерот за земјоделство беше принуден да поднесе оставка.

Неодамна, исто така, беше објавена и друга снимка, на која Дабро пука со пиштол во автомобил во движење.

На новата снимка, министерот, гол го појасот, со влечки на нозете, стои во поле и испукува осум куршуми од автоматската пушка. Во Хрватска, инаку, не постои законска можност цивили да поседуваат автоматско оружје. Видеото е уште поинтересно ако се земе предвид изјавата на Дабро кога беше објавена фотографијата.

Пушка? Која пушка? – се чудеше тогаш Дабро пред новинарите.

Поврзани вести