Skip to main content

„Болва в уво“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово

Драмски театар / Сцена од претставата „Болва в уво“ со актерите Ања Митиќ и Лазар Христов

Драмски театар Скопје на 25 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово со претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Фестивалот годинава се одржува од 23 септември до 5 октомври и во програмата носи 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Десет претстави се дел од натпреварувачката програма, во чии рамки ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, актер, актерка, сценографија, костимографија и најмлад актер.

„Болва в уво“, една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, во постановката на Драмски театар е динамична театарска машина во која еден мал сомнеж е доволен да предизвика лавина од недоразбирања.

Во претставата настапуваат: Дениз Абдула во улогите на Виктор и на Поше, Ања Митиќ како Рената, Марјан Наумов како Миле, Лазар Христов како Ристе, Игор Стојчевски како д-р Филев, Стефан Вујисиќ како Дони Карлос Хоменидес, Нина Елзесер како Луси, Владимир Петровиќ како Бегби, Рубенс Муратовски како Филип, Катерина Шехтанска-Лаковски како Оли, Томислав Давидовски како Ангел, Јована Спасиќ како Анета, Петар Стојковиќ како Бате и Ивана Павлаковиќ како Евгенија.
Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата на Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер Милка Анчевска.

„Болва в уво“ премиерно беше изведена на 17 декември 2025 година на големата сцена на Драмски театар. Претставата трае 125 минути без пауза. Публиката повторно ќе може да ја погледне на репертоарот на Драмски театар Скопје на 10 октомври, со почеток во 20:00 часот, а билети може да се купат на билетарницата на театарот и на веб-страницата dramski.mk.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetJOJOBETroketbetcasibomzbahis