Skip to main content

Протести во Србија, демолиран штаб на СНС

Студентите во блокада во Србија за вечерва најавија нови протести под мотото „Србија не може да се смири“. Според организаторите, собирите ќе се одржат на повеќе локации во Белград, како и во уште девет градови низ земјата.

На социјалните мрежи веќе се појавија снимки од протестите во Ваљево каде што може да се види дека избил пожар во штаб на владејачката Српска напредна партија (СНС).

Како причина тие ги наведуваат прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, како и нападите врз демонстрантите извршени од маскирани лица и приврзаници на Српската напредна партија.

Поврзани вести