Skip to main content

Пронајдена исчезнатата двегодишна Дуња

Двегодишната Дуња, за која вчера по третпат се вклучи системот Најди ме во Србија, е пронајдено живо, потврдија од српското МВР. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека девојчето е пронајдено свесно и комуникативно и дека е пренесено на преглед во болница.

Девојчето е пронајдено на околу 2 до 3 километри од дома. Полициски екипи вршат увид на локацијата каде е пронајдено детето. Ќе се утврдат сите околности, но најважно е дека девојчето е живо и ќе се врати кај семејството, изјави Дачиќ.

Херој на потрагата е кучето на српската планинска спасувачка служба, кое утрово го намирисало и го обележало девојчето во последната зона за пребарување.

Девојчето исчезна вчера попладне во Уб додека од семејниот двор. Снимката од безбедносните камери покажа како девојчето се оддалечува од зад куќата, каде што била со нејзините браќа и сестри кои ја чувале.

Во потрагата, која траеше цела ноќ, учествуваа засилени полициски сили, Планинската спасувачка служба (ГСС) и локалното население. Вклучени биле и кучиња трагачи, како и беспилотни летала со термални камери.