Skip to main content

Претставници на Македонците учествуваа на средба во Кукс посветена на  самоидентификацијата на националните малцинства

Фото: Здружение "ВМРО ДПМНЕ Албанија"

Претседателката на македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија” Елена Симонофски и Марјана Костофски, претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, учествуваа на тркалезната маса посветена на формуларот за само-идентификација на националните малцинства. 
 
Настанот се одржа во северниот албански град Кукс, во организација  од Министерството за внатрешни работи, во соработка со Комитетот за национални малцинства а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Албанија и Советот на Европа. 

– За време на средбата се дискутираше за значењето на слободната и точна само-идентификација на граѓаните кои припаѓаат на националните малцинства, како важен елемент за гарантирање на нивните права и за креирање по инклузивни јавни политики, информираше Симонофски. 


Средбата, додава, претставуваше вреден простор за дијалог помеѓу претставници на институции, организации и заедници, нагласувајќи ја потребата од поголема информираност и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на овој процес.  
 
Со цел целосно запознавање на невладите организации и со тоа и на припадниците на малцинствата,  вакви средби се планирани и во други окрузи, меѓу нив и во Корча каде територијално припаѓа Општина Пустец,  населена со Македонци, кои во голем број ги има и во други делови но и во градот Корча.