Skip to main content

Поранешниот грчки министер Триандопулос се смета за невин за прекршување на должноста по железничката несреќа кај Темпи

freepik

Поранешниот грчки министер брз ресор Христос Триандопулос во неговата писмена изјава доставена до предистражната комисија во Парламентот формирана за да се испита евентуална негова кривична одговорност за железничката несреќа кај Темпи пред две години тврди дека е невин и бара случајот да биде доставен до надлежните судови, јави дописничката на МИА од Атина.

По предлог на опозициската ПАСОК дека постојат докази дека четири дена по железничката несреќа било интервенирано на просторот каде што се случи трагедијата и станува збор за нелегални интервенции за кои треба да се истражи евентуална кривична одговорност на тогашниот министер без ресор, во Парламентот беше формирана предистражна комисија.

По ова прашање по којзнае кој пат повторувам дека сум невин и дека не сум сторил никакво кривично и/или противправно дело, прекршување на службената или која било друга должност, од 3 до 6 март 2023 година или во кое било друго време, пишува Триандопулос, кој во периодот кога се случи железничката несреќа кај Темпи беше министер брз ресор.

Дополнително, посочува дека сака неговиот случај да биде изведен пред редовен суд.

Според грчките медиуми, на денешниот состанок на предистражната комисија во Парламентот што се одржа зад затворени врати, писмената изјава на Триандопулос предизвикала негативни реакции кај опозициските партии, но и фактот што поранешниот министер воопшто не се појави лично.

Кусо пред да биде изгласано формирањето на комисијата, Триандопулос си поднесе оставка од тогашната позицијат заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени.

Поврзани вести