
На одредени делници на најфреквентните патни правци има снег, и возачите се советуваат на внимателно возење, соопшти Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ врз основа на извештајот на Штабот за зимска служба.
Снег во висина до пет сантиметри има кај Ќурковац, Божица, Власинското езеро, Врање и Зајечар, додека на останатите патни правци од прв приоритет коловозите се влажни во пониските предели.
Кај Зајечар се почести одроните долж сите нестабилни камени косини во клисурите, усеците и расеците, најмногу на патот I B-34 (Ђердапска клисура) и на II A 221 (клсура Коренатац).

Македонски






