Во текот на ноќта и рано утрово крајбрежната служба на Грција интервенирала во четири одвоени случаи за спасување на бегалци и мигранти, кои се пренесувале со чамци, при што спасени се вкупно 202 лица, извлечено е едно безживотното тело, а неофицијално исчезнати се над 30 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за три случаи во близина на малиот грчки остров Гавдос и еден случај во близина на градот Каламата на Пелопонез.
Од четирите случаи, во еден што е во близина на Гавдос, спасувачката акција е во тек, откако се превртел чамец со непознат број на лица, а според извори од крајбрежната служба на Грција, спасени се 39 лица, едно загинало, а постои поголем број исчезнати мигранти.
Останатите три спасувачки акции се завршени, на безбедни локации биле пренесени 88 бегалци и мигранти со помош на танкер што пловел во непосредна близина под знамето на Велика Британија и 44 лица од друг чамец со помош на танкер што пловел под знамето на Малта, а станува збор за два случаи во близина на Гаводос, додека 28 лица биле спасени во близина на Пелопонез.