
Над 1000 повици биле регистирани кон службите за итни повици за време на вчерашното силно невреме кое ја погоди Грција.
Невремето започна од северот каде на Халкидики беа регистирани силни ветришта, обилен дожд, паднати покриви, поплавени улици и подруми додека на небото се појавија и пијавици.
Невремето продолжи кон југот, а силните ветрови и градот соборија дрвја во Атина и Пиреја, додека скелињата се урнаа на градилиште во Пиреја, нарушувајќи го сообраќајот.
Патниот сообраќај беше погоден и од поплави по должината на дел од улицата Пиреос кон Атина и на улицата Петру Рали во правец на Пиреја.
Трамвајските услуги во Пиреја беа прекинати откако бурата ги оштети надземните далноводи на улицата Григориу Ламбраки.
До петокот вечерта, Противпожарната бригада прими повеќе од 150 повици за помош, вклучувајќи извештаи за паднати дрвја и гранки, операции за пумпање вода и отстранување на опасни предмети. Речиси половина од повиците дојдоа од Атина, главно од центарот на градот и западните предградија.

Македонски


