Skip to main content

Автобус се преврте на автопат во Турција, повредени 40 лица

Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се превртел на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгубил контрола над возилото.

Несреќата се случила во близина на населбата Кимески, а во автобусот во моментот на несреќата се наоѓале вкупно 42 лица, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош, полицијата, жандармеријата, пожарникари и припадници на специјалните служби.

Повредените патници биле извлечени од автобусот, згрижени на местото на несреќата и пренесени во повеќе болници во Кирикале.

Според првичните информации, ниту едно од повредените лица не е во животна опасност.

Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да ги утврдат причините за несреќата.

Поврзани вести