Skip to main content
ИСТРАЖУВАЊЕ

Не сакаат да нѐ примат: Влезот во ЕУ на целиот Западен Балкан одеднаш, ќе ги чини европските граѓани колку едно кафе

Вкупните трошоци за интеграција на Западен Балкан во ЕУ би изнесувале 46,6 милијарди евра, со ограничено влијание врз буџетот на Унијата. Ова е дел од студијата „Колку ме чини Западен Балкан“, која ја спроведе српскиот Центар за европски политики.

Доколку било која членка од регионот се приклучи на Европската Унија (ЕУ), трошоците за пристапување по глава на жител на Унијата, во текот на седум години, би изнесувале помалку од цената на едно кафе  2,37 евра.

Доколку целиот Западен Балкан одеднаш се приклучи на ЕУ преку ноќ, тоа би го чинело Брисел 46,6 милијарди евра, или 6,66 милијарди евра годишно, што покажува дека трошоците за проширување не се тест за буџетскиот капацитет на ЕУ, туку за политичка волја.

Тоа е открилика 5,29 евра по жител на ЕУ, стои во истражувањето.

Извор Blic.rs

Поврзани вести