Skip to main content
Гордо се враќале дома, поминале километри, па настрадале речиси пред домот

Настраданиот Лазар (16) и неговиот повреден брат близнак, го славеле медалот па доживеале трагедија

Шеснаесетгодишниот џудист Лазар П. трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Нови Сад–Белград, кога комбе што превезувало млади спортсти излетало од патот и ја пробило заштитната ограда.

Несреќата се случила околу 3:30 часот наутро, во правец кон Белград, недалеку од наплатната рампа. Според првичните информации, од засега непознати причини возачот на комбето С. С. (43) изгубил контрола врз возилото, кое се превртело и завршило во канал покрај патот.

Од силниот удар Лазар П. починал на самото место, додека седум деца-џудисти и возачот се повредени. Меѓу повредените е и братот близнак на Лазар — Лука П., кој неодамна освоил златен медал на престижното џудо натпреварување во Баку, Азербејџан.

Според информациите од спортскиот клуб, младите џудисти на „Партизан“ претходните денови учествувале на турнирот во Баку. Од таму летале до Будимпешта, а потоа со организиран превоз требало да се вратат во Белград. Несреќата се случила речиси на самиот крај од патувањето.

Толку километри поминаа без проблеми, и да им се случи ова пред самиот Белград… Не можеме да поверуваме – велат потресени пријатели на семејството.

Таткото на момчињата, скршен од болка, го посетил местото на несреќата. „Едниот син ми загина, другиот е во болница. Не знам што се случило… Само сакав да ги видам. Еден млад живот згасна, изјавил тој за српските медиуми низ солзи.

Сцените на автопатот, според очевидци, биле потресни — расфрлани делови од возилото, превртено комбе и присутни екипи на брза помош и полиција.

Истрагата за причините на несреќата е во тек. По наредба на дежурниот обвинител, телото на загинатиот тинејџер ќе биде испратено на обдукција, а комбето ќе биде подложено на вонреден технички преглед.

Поврзани вести