
Вкупно 125 луѓе се уапсени во март од страна на српската полиција, односно Одделот за антикорупција на Управата за криминалистичка полиција како дел од борбата против корупцијата и финансискиот криминал, јави дописникот на МИА од Белград. Кривични пријави се поднесени за 127 луѓе.
Во соработка со специјалните антикорупциски одделенија на вишите јавни обвинителства во Белград, Нови Сад, Ниш и Краљево, уапсени се 125 лица, а против вкупно 127 лица се поднесени кривични пријави за кривични дела во надлежност на Одделот за борба против корупција. Причинета е противправна имотна корист од околу 670 милиони динари и штета во износ од околу 770 милиони динари, соопшти МВР на Србија.
Меѓу уапсените во март има и функционери на локалните самоуправи во Бор, Лесковац, Голубац, Житораѓа, Брус, како и голем број одговорни лица во деловни субјекти во Србија.