![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/aco-martinovic-ubistvo-1024x559.jpg)
„Убив 15 луѓе, сега ти е редот!“, рекол Ацо Мартиновиќ (45) кога на 1 јануари дошол во семејната куќа на неговата сестра Зорица Вулетиќ (42) во Цетиње. Тој претходно уби 11 лица, а рани четворица во таверна и уште неколку локации. Психолозите велат дека тој ги мразел сите што имаат семејство затоа што тој бил сам.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/kukata-na-aco-martinovic-cetinje-1024x620.jpg)
Убиецот ја застрелал својата сестра во глава во ходникот од нивната куќа, пред очите на нејзините четири деца, нејзиниот сопруг, девер и неговата сопруга.
Откако Ацо Мартиновиќ ги убил луѓето во кафаната, вооружен влетал во куќата на Радован Мартиновиќ, каде убил четворица – Радован, неговата сопруга, синовите близнаци и еден пријател, при што ранил една жена. Не застанал тука, туку отишол на вратата на сестра му Зорица со која претходно ја дочекале Новата година .