Skip to main content

Мицотакис: Невработеноста во Грција на најниско ниво од декември 2008 година

Според официјалните податоци на Службата за статистика, невработеноста во јануари 2025 година е намалена на 8,7 отсто, односно за три процентни поени пониска од минатата година, достигнувајќи најниско ниво од декември 2008 година, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека бројот на невработени се намалил на 408,2 илјади, што е најниско ниво од ноември 2008 година, додека вработените се зголемиле на 4,29 милиони.

-Ова подобрување не е случајно. Тоа е резултат на насочени политики кои го поттикнуваат растот и инвестициите, создавајќи се повеќе и повеќе добро платени работни места. И така ќе продолжиме, напиша грчкиот премиер. 

Поврзани вести