Skip to main content

Кршењето на тракторите за време на протестот против Вучиќ може да ги прати во затвор српските студенти

Printskrin/Insajdertv

Српската полиција приведе четири лица попладнево под сомнение дека оштетиле трактори паркирани во близина на Пионирски паркво Белград. Се трага по уште едно лице, соопшти полицијата. 
Приведените се на возраст меѓу 21 и 35 години. 

Тие се сомничат дека во периодот од 14 до 15 март годинава на јавен собир ги оштетиле тракторите паркирани околу Пионирски парк во Белград .

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што по кривичната пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Тие се уапсени во заедничка акција на МВР во Белград, Одделот за јавен ред и мир и Вишото јавно обвинителство

Поврзани вести