
Албанија и Косово ја зајакнуваат соработка во областа на одбраната, во чии рамки тимот на Командата за поддршка на вооружените сили, денеска посетил неколку единици во Косово.
Веста ја објави албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу, кој ја истакнува „мултидимензионалната соработка во областа на одбраната“.
Нагласува дека „зголемувањето на човечките и оперативните капацитети останува приоритет за вооружените сили и Министерството за одбрана“.
„Посетата на тимот на Командата за поддршка на вооружените сили на Косово, има за цел да ја зголеми интероперабилноста и да го зајакне професионалниот и ефикасен одговор на терен. Соработката меѓу двете земји во областа на одбраната, меѓу другото е конкретизирана со активното учество во меѓународната вежба „Defender Europe 2025“, каде што Албанија и Косово играат клучна улога, напиша Венгу во објава на Фејсбук.
Одава дека друга област од стратешко значење е онаа на военото образование, нгласувајќи дека Академијата на вооружените сили на Албанија продолжува да нуди стипендии и курсеви за студенти и офицери од Косово, а се „разгледуваат и посебни квоти на јавните универзитети за специјалности важни за одбраната“.
Планот за билатерална соработка за 2025 година, според него, вклучува 64 конкретни активности: состаноци, обуки, размена на информации и вежби, кои веќе се во процес на имплементација