Skip to main content

Има борбен радиус до 100 км: Српскиот дрон „Гавран“ претставен во Абу Даби

Престолонаследникот, Шеик Калид бин Мохамед Ал Нахјан го посети штандот на „Југоимпорт СДПР“ на 17. Меѓународен саем за оружје и воена опрема „ИДЕКС“ во Абу Даби, каде беше претставена производствената и развојната програма на српската компанија од одбранбената индустрија.

Посебен акцент беше ставен на презентацијата на беспилотните летала, првенствено на системот за талкачка муниција „Гавран“, се наведува на веб-страницата на „Југоимпорт“.

Должината на дронот е 4,5 метри, распонот на крилата е 3,2 метри, а висината со тркала е 0,7 метри. Борбениот радиус на овој убиствен дрон е од 50 до 100 километри, во зависност од теренот и должината на линијата за извидување.

Максималниот домет на „Гавран“ е 150 километри со брзина на крстарење од 120 километри на час. Примарната употреба на овој убиствен дрон е да кружи над бојното поле 30 минути и на растојание од 50 километри од командниот центар.

„Гавран“ обезбедува надзор во реално време, одредувае на цели, препознавање на метите по принципот свој-туѓ и дејствување на откриените цели. Ова убиствено беспилотно летало работи во роеви од неколку беспилотни летала кои се контролираат од истото командно место преку заштитена радио врска.

Дронот може да ги уништува сите видови копнени цели, од тенкови и оклопни возила, големи системи за противвоздушна одбрана, радари, артилериски и ракетни артилериски системи, пешадија на отворено и во засолништа и други мобилни и стационарни копнени цели, како и борбени чамци и беспилотни летала.

Поврзани вести