
Поради невремето со урагански ветрови на места со брзина и до 130 км/ч, во делови од Хрватска е на сила црвен аларм.
Црвениот аларм важи за Истра, Кварнер и околината на Велебит.
Автопатите меѓу клучката Свети Рок и Поседарје, како и Јадранската магистрала меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, Масленица-Затон Обровацки и обиколницата Омиш се затворени за секаков вид сообраќај.
Исто така се откажани и линии на траекти. Смирување на бурата се очекува од утре.