Skip to main content

Хрватска: 15 години затвор за мајката монструм која лани ја фрли 3-годишната ќерка во реката Сава

Мајката која беше обвинета за тешко убиство на подмолен начин на својата четиригодишна ќерка, денеска во Загребскиот окружен суд беше неправосилно осудена на 15 години затвор, пренесуваат хрвстаките медиуми.

Случајот кој ја шокираше јавноста во Хрватска, но и пошироко, се случи лани во јануари, кога 35-годишна мајка влегла во реката Сава со четиригодишното дете во рацете и го удавила. Судот нареди и задолжително психијатриско лекување на жената.

Според информациите, мајката пред да го стори ужасниот чин се јавила во полиција за да каже дека планира да го убие своето дете.

Полицијата успеала да ја лоцира, но кога стигнале на местото успеале да ја спасат само жената, а детето за жал не. Веднаш започна потрагата по малото дете, чие тело беше пронајдено дури на 25 март во Сава во Белград. Два месеци подоцна, тоа беше идентификувано, и со тоа трагично заврши потрагата што траеше со денови околу Сава во Загреб и Сисак. Кога беше пронајдено телото на детето, тоа беше заплеткано околу сплав. На српската полиција ѝ требаше малку време да го идентификува детето и во соработка со хрватската полиција, преку меѓународна полициска соработка, била направена ДНК анализа која покажала дека детето пронајдено во Сава во Белград е токму детето по кое се трагаше во Хрватска.

По апсењето, жената била задржана во притвор поради можно влијание врз сведоците, опасноста од повторување на кривичното дело и тешките околности на извршување на кривичното дело. Таа беше донесена од истражниот затвор на првото рочиште минатиот септември. Обвинението со кое таа се товари за тешко убиство беше поднесено минатиот јули, а 35-годишната жена се бранеше со молчење за време на истрагата.

Не е познато како се бранела за време на судењето, кога требаше и да се спроведе психијатриско вештачење за да се утврди нејзината одговорност.

Поврзани вести