
Во Високо во Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа се случи брутално убиство кога млад човек убил друг млад човек, а потоа му се обидел да го исече телото на парчиња, јавија локалните медиуми во БиХ.
Убиството се случило во населбата Лука, а од кантоналниот полициски оперативен центар Зеница-Добој соопштија дека синоќа во 18 часот и 35 минути во полициската станица во Високо дошло лице и пријавила дека Б.Д.(24) од Високо и рекол дека во својот стан го убил П.Е. (24)
„Пронајдено е безживотно тело Истрагата е спроведена во текот на ноќта во надлежност на дежурниот обвинител“, соопшти полиицјата.