Skip to main content

Германски туристи во паника, пилотите спасиле авион со 273 патници кој останал без мотор над Крф

Голема драма се случила на лет од грчкиот остров Крф кон Дизелдорф, откако мотор на авион со 273 патници се запалил веднаш по полетувањето. Повеќето патници биле германски туристи.

Инцидентот го забележале туристи на плажите, кои го снимале авионот со своите мобилни телефони. Многумина сведочеле дека се слушнал силен и чуден звук, сличен на експлозија.

Десниот мотор откажал и се запалил, но пилотите веднаш го исклучиле дотокот на гориво за да спречат поголема катастрофа.

Во моментот на дефектот, авионот се наоѓал над Крф. Пилотите го извршиле првичното слетување паралелно со пистата, а аеродромот бил ставен во состојба на црвена тревога со активирани сите безбедносни протоколи.

Иако постоела можност за итно приземјување, пилотите донеле одлука да продолжат со летот на еден мотор и да го пренасочат авионот кон Италија, каде што безбедно слетале. Одлуката била донесена поради зголемениот ризик од продолжување кон Дизелдорф.

И покрај драматичниот настан, нема повредени патници или членови на екипажот. Пилотите добија големи пофалби за нивната реакција и смиреност во критичните моменти.

Поврзани вести