Skip to main content

Додик: Велика Британија сака да ја претвори Босна во депонија за мигранти

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Велика Британија сака да ја претвори Босна и Херцеовина во депонија за мигранти, но дека Република Српска нема да го дозволи тоа.

Додик додаде дека опозицијата од Република Српска ја излажала јавноста велејќи дека со британскиот министер разговарала за европскиот пат и дека се согласиле дека Босна и Херцеговина ќе биде центар за собирање мигранти.

Премиерот Кир Стармер лично го потврди ова, сметајќи го прашањето за завршено. Не е завршено и нема да биде завршено додека не биде завршена Република Српска. Не поради ксенофобија, туку затоа што знаеме што значи таков план“, рече Додик.

Тој истакна дека тоа значи цивилизациска закана – затоа што е продолжение на децениски проект за промена на етничката слика на овие простори.

Поврзани вести