![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/milorad-dodik-04-foto-s-pasalic-scaled-1-960x640-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е хоспитализиран во Белград поради акутни болки, соопшти вечерва неговиот кабинет.
Според првата дијагноза, се додава, по потребните подготовки, следи оперативен зафат на хранопроводникот и желудникот.
„За здравствената состојба на претседателот на Република Српска јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.