Skip to main content

Десетици приведени и повредени по синоќешниот протест во Белград

Камења и палки од една, солзавец од друга страна. Белград ја преживеа пеколната ноќ, за среќа без жртви како што рече, српскиот претседател Вучиќ, по судрите кои избија по студентскиот протест и повиците за насилства.

Протестот на кој според организаторите присуствувале 140 илјади граѓани а според полицијата само 36 илјади започна уште во 18 часот а кулминацијата на насилството се случи околу 22 часот откако наводно се слушнал глас земете ја слободата во свои раце, имате зелено светло.

Ова во своето денешно обраќање до нацијата го потенцираше претседателот на Србија Вучиќ кој побара надлежните обвинителства ова да го разгледаат и процесуираат како отворен повик за насилство за што мора да има одговорност за што најави дека во перидот кој следи ќе има и нови апсења. Зарем навистина мислеа дека се посилни од државата, праша Вучиќ.

Во судирите се повредени 48 полицајци од кој еден со тешки телесни повреди.

Поврзани вести