Skip to main content

Денеска нова пресуда за Хашим Тачи за откривање на идентитет на сведоци и попречување на правдата

Денеска пред Специјализираните совети на Косово во Хаг ќе биде изречена пресудата за поранешниот лидер на таканаречената Ослободителна војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, и уште четворица обвинети за попречување на правдата и обид за влијание врз сведоци.

Покрај Тачи, во овој предмет се обвинети и Башким Смакај, Исни Киљај, Фадиљ Фазљију и Хајредин Кучи.

Обвинителството побара шест години затвор за Тачи, девет месеци за Кучи, а по три години затвор за Фазљију, Киљај и Смакај.

Според обвинението, Тачи во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, за време на одделни посети во притворската единица, им откривал на останатите обвинети доверливи информации за сведоци на обвинителството во одделниот процес за воени злосторства.

Обвинителството тврди дека им давал и конкретни упатства како да влијаат врз сведочењата. Специјалната обвинителка Кимберли Вест во завршниот збор изјави дека Тачи им наложувал на своите соработници да влијаат врз сведоците што ги сметал за клучни за исходот на судењето за воени злосторства.

Поврзани вести