Skip to main content

Покетино уште утре ќе ги води САД и се сели во Манчестер

 Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Маурицио Покетино во среда ќе биде на своето ново работно место како менаџер на Манчестер Јунајтед, а во вторник за последен пат ќе седи на клупата на САД во дуелот со Хаити. Натпреварот е КОНКАКАФ Лигата на нациите. Неговата одлука да остане со американскиот тим наиде на многу критики особено што неговиот нов тим во недела на 22 ноември го игра дербито на англискиот фудбал на „Енфилд“ против Ливерпул.

Тоа значи дека тој ќе има многу малку време за подготовка за натпреварот во Ливерпул. Покетино веќе испрати членови од својот стручен штаб во Манчестер за да подготват сè за натпреварот.

– Тоа беше планот кога ги договоривме условите со Манчестер Јунајтед и со националниот тим, тие таму подготвуваат сè, бидејќи во среда, кога ќе пристигнеме, темпото ќе биде несмалено, изјави Покетино.

Аргентинскиот тренер потпиша нов договор дека ќе ја предводи репрезентацијата на САД до 2030 година, но минатата недела се договори дека ќе биде на „жешката“ клупа на Манчестер Јунајтед.

Поврзани вести