Skip to main content

Делегација на Венецијанската комисија идната недела во работна посета на Србија

Делегација на Венецијанската комисија на Советот на Европа ќе биде во работна посета на Србија на 16 и 17 март, како дел од подготовката на мислење за неодамна усвоените судски закони, јавија белградските медиуми.

За време на посетата планирани се средби со претставници на парламентарното мнозинство и опозицијата во српскиот парламент на 16 март.

На 28 јануари, Парламентот на Србија, на предлог на пратеникот на Српската напредна партија Угљеша Мрдиќ, усвои измени на Законот за јавно обвинителство, Законот за Високиот совет на обвинителства, Законот за организација и надлежност на државните органи во борбата против високотехнолошкиот криминал, Законот за судиите и Законот за седиштата и територијалните надлежности на судовите и јавните обвинителства.

Измените беа усвоени по итна постапка, без јавна расправа, што предизвика остри критики од стручната јавност, ЕУ и опозицијата.

Во писмо од 10 февруари, претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, побара итно мислење од Венецијанската комисија за тие закони, а Комисијата објави дека итно мислење ќе биде изготвено навремено и доставено на потврда на пленарната седница на Венецијанската комисија во јуни 2026 година. 

Поврзани вести