Skip to main content
Нема да може да го прави тоа што Бугарија го прави со Македонија

Црна Гора нема да има право на вето во преговорите на други земји кандидати за ЕУ

Facebook/Vlada Crne Gore

Црна Гора нема да има можност да стави вето на преговорите со земјите кандидати за членство во ЕУ, кога ќе влезе во Унијата, објави „Вијести“, повикувајќи се на информирани извори.

Со други зборови, официјална Подгорица нема да може да ги постигне своите интереси и цели во билатералните односи користејќи го процесот на преговори, како што прави Хрватска со Црна Гора или Бугарија со Македонија.

Како што пишува весникот, ова правило ќе важи и за Албанија, како и за сите земји кандидати за членство во ЕУ.

Поврзани вести