
Британските разузнавачки агенции се остро против предлогот на премиерот Кир Стармер за создавање таканаречени „центри за враќање“ на мигранти во поранешна Југославија, бидејќи регионот има премногу добри врски со Русија, објавува „Тајмс“.
Лабуристичката влада сака да отвори центри за мигранти на кои не им е одобрен азил, но од различни причини не можат да бидат депортирани во нивните матични земји. На списокот на земји каде што би можеле да се создадат вакви центри се Србија, Босна и Херцеговина, како и Косово, објавува весникот.
Сепак, МИ6 ставила вето на планот бидејќи го смета регионот за „руска сфера на интерес“ и се плаши дека „агентите на Кремљ ќе навлезат во чувствителната британска инфраструктура“.
Србија е најлоша во овој поглед. Има јасни врски со Русија“, изјави извор за „Тајмс“.