
На првото и второто пријавување во јуни за упис во средните училишта од учевбната 2026/2027 година вкупно се запишале 15.705 ученици.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, 11.171 ученици се запишани за настава на македонски јазик; 4.241 за настава на албански јазик; 279 ученици за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.
Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно: 4.653 ученици во гимназиско образование, 10.823 ученици во стручно образование. Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото образование, стои во објавата на МОН, се уште не е завршен процесот на селекција.
Второто пријавување беше спроведено на 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата на 24 јуни. Ккао што објави МОН, во вториот рок во јуни се пријавиле 2927 ученици, од кои: 1.457 ученици за настава на македонски јазик; 1.369 ученици за настава на албански и 101 ученици за настава на турски јазик и
Како што претходно информираше МОН, на првото пријавување за запишување во средно образование, спроведено со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни пријавени беа 15.075, а се запишаа 13.423 ученици (по направена селекција во уметничко образование).
Од нив 9.839 ученици за настава на македонски јазик, 3.357 за настава на албански, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.

Македонски



