
ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, инцидентот се случил на 21 ноември околу 09:00 часот во кривопаланечкото село Дрење, кога пријавените прво започнале вербална расправија, а потоа и физички ја нападнале 67-годишната Д.Д. од истото село додека таа го напасувала својот крупен добиток.
Во нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Македонски




