
Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, потпиша меморандум за соработка со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски.
Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко делување во услови на кризни состојби, природни непогоди и други ризици.
Во склоп на тоа, двете институции ќе продолжат со заеднички активности и унапредување на меѓуинституционалната координација, со цел навремено информирање на граѓаните и поефикасно справување со сите предизвици.

Македонски



