Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ вчера пронашле десет мигранти во две товарни возила, информираат од Министерството за надворешни работи.
Како што додаваат оттаму, во едното товарно возило со полуприколка, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, управувано од Б.А. (49) од Скопје, биле пронајдени пет лица од Сирија и едно лице – турски курд.
Во второто товарно возило со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од П.Н. (41) од Република Србија, сопственост на правен субјект од Република Србија, биле пронајдени четири лица од Сирија.
Од МВР дополнуваат дека мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.