Skip to main content

МЗТ Скопје доби нов спонзор

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, добива нов спонзор – „Алта Банка“м со кој ја дочекува новата сезона.

„Сино-белите“ од Аеродром во сезоната 2026/27 ќе се натпреваруваат во домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Европа купот.

Претседателот на Управниот одбор на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски на прес-конференција изрази задоволство од новиот партнер на клубот и најави атакување на првото место во АБА2.

Радува фактот што една компанија што во својот корпоративен идентитет го има спортот и кошарката на регионално ниво, ја препозна амбициозноста на МЗТ Скопје. Благодарност до луѓето од Алта Банка за склучената соработка, додаваме уште една сериозна компанија во нашата фамилија, што е подготвена да ги следи амбициите на МЗТ, не само во оваа сезона, туку и на среден и долг рок. Секако, приоритетна амбиција останува влезот во АБА1 лигата, преку освојување на АБА2 со што следната сезона би имале евролигашки екипи овде во Скопје“, рече Трајчевски.

Од „Алта-Банка“ се надеваат на повеќегодишна соработка со МЗТ Скопје, клуб кој доминира во македонската кошарка повеќе од една деценија.

Би сакал да изразам задоволство што денес ја потрдуваме соработката со МЗТ Скопје, клуб кој има силен печат во македонската кошарка. Алта Банка како банка што се развива и што гради силно присуство во македонското општество, сакаме да биде активен дел од заедничката средина, од заедницата во која работа. Улогата на една компанија не завршува само со услугите што ги нуди, туку силен поттик да се поддржат силни иницијативи, младите и спортот, но и организации што ги обединуваат луѓето. Во МЗТ препознавме таков клуб, изјави членот на УО на „Алта-Банка““, Стефан Николиќ.

МЗТ Скопје во АБА2 лигата се наоѓа во група со Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав, додека во Еврокупот во Е-групата за противници ги има, АЕК Ларнака (Кипар), Џики (Полска), Вирцбург (Германија), Тарту (Естонија) и Ираклис (Грција). 

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositzirvebetjojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibommeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahis