Skip to main content

Салминен, Камински и Меденчевиќ одржаа мастерклас на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

ИФФК „Браќа Манаки“

Како да се пронајдат нови начини за допирање до срцето и умот на публиката? На оваа тема денеска на 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа панел-дискусијата „Finding new ways into the audience’s heart and minds“, во организација на EFA/MFPA, со модераторoт Матијас Флајшер. Гости на панелот беа реномираните кинематографери Тимо Салминен и Јануш Камински.

Зборувајќи за својот пат кон кинематографијата, Тимо Салминен се наврати на своето семејство и на почетоците во филмот. Неговиот татко бил режисер на 36 филмови, а кога Салминен имал 23 години, неговиот брат веќе работел како директор на фотографија.

Така филмот ме зема“, рече Салминен, кој прво работел како асистент на директор на фотографија, паралелно со своето филмско образование. Подоцна работел како фриленсер на реклами, а потоа и на играни филмови.

Салминен е познат по долгогодишната соработка со финскиот режисер Аки Каурисмаки, со кого создаде препознатлив визуелен свет во филмови како Shadows in Paradise, Ariel, The Match Factory Girl, The Man Without a Past, Le Havre и Fallen Leaves.

Јануш Камински зборуваше за работата на филмот The Diving Bell and the Butterfly (Le Scaphandre et le papillon), режиран од Џулијан Шнабел. Филмот ја следи приказната на Жан-Доминик Боби, кој по мозочен удар останува целосно парализиран и се буди по повеќенеделна кома. За да го долови неговото субјективно искуство, Камински користел различни оптички и камерски техники, меѓу кои и леќи со кои можел селективно да го контролира фокусот и да создаде нестабилна, нарушена перцепција на просторот.

Манипулацијата со фокусот, движењето и брзината на снимањето не биле само визуелни експерименти, туку средства за публиката да го почувствува светот од перспективата на главниот лик. Токму во тоа Камински ја гледа суштината на кинематографијата, техниката да биде во служба на приказната и емоцијата, а не сама на себe.

фото: ИФФК „Браќа Манаки“

Кинематограферот Суки Меденчевиќ, ASC, денеска одржа мастерклас во Кино „Манаки“ во Битола, во рамки на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во фокусот на предавањето беше неговата работа на серијата Shining Vale, низ која Меденчевиќ детално го претстави процесот на создавање на визуелниот јазик на серијата, од изборот на камера и леќи, до осветлувањето, бојата и начинот на кој кинематографијата ја поддржува приказната.

Меденчевиќ на присутните им прикажа сцени, трејлери и материјали од снимањето на Shining Vale, објаснувајќи ги одлуките што стоеле зад изгледот на серијата. Тој зборуваше и за предизвиците при создавањето на куќата која е еден од клучните елементи во приказната – простор кој постепено станува речиси како самостоен лик.

Shining Vale е хорор-комедија за дисфункционално семејство кое се обидува да започне одново, преселувајќи се од градот во стара куќа со мрачно минато. Приказната го следи семејството Пелпс, чиј однос дополнително се усложнува откако мајката Пат, писателка која се бори со креативна блокада и сопствени психолошки проблеми, почнува да доживува необични и натприродни појави во куќата.

Она што ме привлече кај приказната е нивото на сторителингот“, рече Меденчевиќ, зборувајќи за причините поради кои проектот му бил интересен. Според него, визуелниот пристап мора да биде во функција на приказната, а особено внимание посветил на светлото, бојата и изборот на леќи.

Токму светлото и употребата на бојата биле меѓу клучните теми на неговото предавање. Меденчевиќ објасни дека за Shining Vale биле користени потопли тонови, а изборот на леќите бил важен за создавање на специфично чувство во различните сцени.

Многу сакам да има светло во средина на кадарот. Тоа дава драматичен, театрален изглед“, објасни тој, посочувајќи како светлото може да стане дел од визуелниот наратив, а не само техничко средство за осветлување на сцената.

Еден од најинтересните моменти од мастер-класот беше начинот на кој Меденчевиќ го претстави осветлувањето на куќата. Првичниот пилот на серијата бил снимен во стара куќа во Јужна Пасадина, но за продолжението продукцијата изградила реплика на куќата на студиски сетови. Тоа создало посебен предизвик за кинематограферот: сетот требало да изгледа природно без оглед на тоа од кој агол е поставена камерата.

Моравме да создадеме локација исто како куќата во Пасадина. Имавме многу амбиентално светло. Имаше софт светла над прозорците“, објаснуваше Меденчевиќ, говорејќи за практичните решенија со кои е постигнат посакуваниот изглед.

Тој сподели и пример за тоа како ограничувањата можат да доведат до едноставни, но ефикасни решенија. Кога нема голем буџет за опрема, објасни, хартиените топки можат да се користат за создавање меко светло.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositzirvebetjojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibommeritkingholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahis