Skip to main content

Украина ѝ се закани на Унгарија со „симетрични мерки“

jorono from Pixabay
jorono from Pixabay

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Шибига ѝ се закани на Унгарија со примена на „симетрични мерки“.

Ваквата порака на Шибига доаѓа како одговор на унгарската забрана за влез на командантот на украинските вооружени сили, кого официјална Будимпешта го смета за одговорен за нападот врз нафтоводот „Дружба“.

Претходно, Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека на украинскит државјанин му е забранет влез во Унгарија и во Шенген зоната.

Поврзани вести