
Португалецот Кристијано Роналдо не е вклучен во составот на Ал Наср кој патува во Иран за осминафиналето на азиската Лига на шампиони против Естеглал.
Причината за незаминувањето на Роналдо се уште е мистерија. Некои го наведуваат фактот дека Роналдо е повреден, а други истакнуваат дека тоа е поради страв од казна со камшикување.
Кристијано беше гостин во Иран во септември 2023 година, кога се соочи со Персеполис со Ал Наср, а потоа ја прегрна и бакна челото на иранската уметница Фатемех Хамами Насрабади, жена чие тело е парализирано 85 проценти.
Во Иран, таквото дело се смета за прељуба, бидејќи таквиот контакт е дозволен само според шеријатскиот закон меѓу маж и жена.