
Шпанските медиуми објавија неверојатна приказна за потеклото на Ламин Јамал и неговото семјство.Всушност, зад неговото име се крие неверојатна приказна за тоа како настанало.
Имено, неговото целосно име е Ламин Јамал Насрауи Ебана. Насрауи е презимето на таткото, Ебана на мајката, а тие се од мароканско потекло.

Неговата баба Фатима дошла од Мароко да живее во Шпанија, нашла работа како медицинска сестра и нејзината единствена цел била да му помогне на своето семејство, кое било многу сиромашно.
По некое време успеала да ги донесе своите два сина Абдул и Мунир. Во Шпанија, Мунир ја запознал Шила, со која почнал да се забавува, меѓутоа, тие живееле многу тешко во Шпанија, едвај врзувале крај со крај и имале доволно пари само за кирија. За среќа, имаале двајца неразделни пријатели по име Ламин и Џамал кои им помагаа без прашање секогаш кога им требаше. Благодарение на нив, родителите на младиот фудбалер успеаја да преживеат.
За возврат, Мунир им ветил дека ќе го крсти својот син по нив двајца.
Во јули 2007 година, тие го исполнија своето ветување и го крстија својот син Ламин Џамал.
Самите значења на неговото име се навистина посебни. Ламин на арапски јазик претставува искреност, а Џамал претставува убавина.

Македонски


