Skip to main content

Кај шахистите и фармерките може да направат проблем!

Претседателот на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ), Аркадиј Дворкович изјави дека по големиот скандал со Магнус Карлсен се сменети условите за настап на учесниците на натпреварувањето.

Норвежанецот беше дисквалификуван бидејќи на Мундијалот дојде облечен во фармерки, што беше спротивно на правилата на задолжителниот дрес код.

Првиот човек на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович, истакна дека на Светското првенство во шах што се одржува вчера и денеска веќе се дозволени одредени отстапувања од кодексот на облекување. Конкретно, на турнирот ќе може да се учествува во соодветни фармерки во комбинација со јакна.

  • Решивме да се обидеме со пристап кој ќе им даде на челниците на ФИДЕ поголема флексибилност во донесувањето одлуки за соодветноста на облеката – рече првиот човек на федерацијата.

Поврзани вести