
Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва загуби на гостувањето во Гумерсбах од домаќинот Германија со 34-18.
Германија веќе на самиот почеток со серија од 5-0 дојде до висока предност, која македонските ракометарки успеаја да ја намалат на 9-7 во 23 минута, но до крајот на полувремето домаќинот возврати со нова серија од пет голови за водство од 14-8.
Предноста на Германија континурано растеше во второто полувреме и македонските ракометарки немаа сили да го избегнат првиот пораз во квалификациската Група 3.
Ризоска со осум и Младеновска со четири голови беа најефикасни во македонската репрезентација во која поради повреда отсуствуваше Ристовска.
Македонските ракометарки во второто коло ќе ја пречекаат репрезентација на Словенија, в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола