Skip to main content

Важен дуел против Словенија: Вечерва навиваме за Македонија

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026.

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.

– Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

По првите две кола Словенија е прва во групата со четири бодови, Литванија и Македонија имаат по два, Естонија е последна без освоен бод

Поврзани вести