Skip to main content

Инфантино не се откажува од нов мандат

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ги потврди своите планови да се кандидира за нов мандат на чело на светскиот фудбал со кој раководи од 2016 година.


„Мојот слоган е едноставен: „Фудбалот им припаѓа на сите, насекаде“. Сакаме да им дадеме можност на сите да сонуваат, да учествуваат, да го намалат јазот помеѓу најголемите и сите останати. И тоа е она што ќе продолжам да го правам“, изјави Инфантино.


Во јули, Инфантино го навлече гневот на голем дел од фудбалскиот свет со своите планови за создавање на нова компанија „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ која би раководела со комерцијалните права на светските првенства во машка и женска конкуренција.


ФИФА тврди дека проектот можел да собере 4,2 милијарди долари, но наиде на жесток отпор од УЕФА, КОНКАКАФ, Азиската фудбалска конфедерација и КОНМЕБОЛ, по што Инфантино се повлече од проектот.
Во периодот што следуваше, УЕФА објави дека веќе нема доверба во претседателот на ФИФА, а фудбалските федерации од многу европски земји, вклучувајќи ја и Фудбалската федерација на Македонија, ја повлекоа својата поддршка за Инфантино.
Следните претседателски избори на ФИФА треба да се одржат во Мароко во март идната година.

Поврзани вести