
Бразилскиот клуб Чапекоенсе ќе одигра пријателски натпревар против Атлетико Насионал на 26. септември во Колумбија, на одбележување на десетгодишнината од трагедијата во која загинаа 71 лице, откако се урна авионот со кој бразилскиот состав патуваше кон Меделин да го одигра финалето на Копа Судамерикана.
Авионот со кој патуваа фудбалерите на Чапекоенсе и новинари се урна ноќта на 28 ноември 2016 година, во рид на 18 километри од аеродромот „Хозе Марија Кордоба“.
Бразилскиот тим потоа беше прогласен за победник на Копа Судамерикана на барање на Атлетико Насионал, а оттогаш двата клуба негуваат посебни односи.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Мануел Анастасио Хирардот Дијаз“, а во колумбискиот тим ќе настапи новото засилување Хамес Родригез.
Тројца од шесте преживеани од авионската несреќа беа фудбалери на Чапекоенсе.
Бекот Алан Рушел продолжува професионално да игра фудбал и настапува за Хувентуд, дефанзивецот Нето, кој ја заврши кариерата во 2019 година и голманот Џексон Фолман, кој откако му беше ампутирана едната нога, стана јасновидец и вокалист.

Македонски

