Skip to main content

Банда криумчари се судри со македонската полиција на кај Блаце

Вчера околу 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје на место викано „Вражји вир“, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки кое било натоварено со разновидна криумчарена стока и се обиделе да го сопрат, но возилото продолжило со движењето.

Откако полициските службеници по кратко време го сопреле, при обид возачот да биде приведен дошло друго возило од кое излегло едно лице и физички нападнале еден од полициските службеници кој потоа едно од лицата го фатило за раката и бил влечен со возило кое другото лице го управувало, по што бил пуштен и при падот се здобил со повреди, соопшти МВР.

Од таму преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести