Skip to main content

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам

Вчера на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Ф.Т. (43) од с. Кондово, скопско, кој бил баран по две централни и меѓународни потерници од МВР, по наредби од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор од осум години за кривично дело по чл.288 ст.3 „тешки дела против општата сигурност“ и за казна затвор од осум години за кривично дело по чл.313 од КЗ „тероризам“.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.

Поврзани вести