Резултат на македонските ракометари вреден како за победа, им порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на ракометарите од македонската репрезентација кои на првиот натпревар на Светското првенство вечерва одиграа нерешено против еден од фаворитите, Унгарија.
Резултат на македонските ракометари вреден како за победа. Одлична игра и оставање срце на терен. Напред момци, Македонија е со вас! За Македонија!, порача Мицкоски.