
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со репрезентативците Петар и Павле Атанасијевиќ.
„Двата репрезентативни „бисери“ и наши членови со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 година и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим“, соопшти денеска битолскиот клуб.
Браќата близнаци Петар и Павле Атанасијевиќ, кои се на возраст од 22 години потекнуваат од младинската академија на Еурофарм Пелистер.
Зад себе имаат три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија во дресот на Еурофарм Пелистер