
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на утрешниот натпревар со Гвинеја во 3.коло на Д-групата на Светското првенство 2025.
– Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар, изјави Лазаров.
И репрезентативното крило Ненад Костески верува во успех