Skip to main content

„Клавајте голој“: Шундовски нов тренер на РК Пелистет

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер се раздели со својот досегашен тренер Шпанецот Рубен Гарабаја. Тој поднесе оставка на својата позиција, а клубот истата ја прифати. Договорот е раскинат пред неговиот истек.

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник.

Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина, изјави Гарабаја.

Шпанскиот тренер со битолскиот клуб го освои Супер купот.

На негово место до крајот на сезоната на клупата ќе биде спортскиот директор Звонко Шундовски. Еурофарм Пелистер попладнево игра натпревар од домашното првенство на гости против Струга, а за средина на следната недела е планирано дербито со Вардар на домашен терен